Рецепти

Пченкарни мафини со Димс ајвар

Состојки: Тегла Димс Ајвар ● 100 грама брашно ● 100 грама пченкарно брашно ● 1 пециво ● 3 јајца ● 1 лажиче сол ● 50 мл масло ● 200 мл јогурт ● 1 калапче сирење (100 – 200 грама)

Подготовка: Во голем сад ги мешаме обичното и пченкарното брашно. Во посебен сад убаво ги матиме јајцата со миксер, додавајќи сол, масло и јогурт. Потоа ги спојуваме, додавајќи ги мокрите состојки во садот со сувите и матиме додека не добиеме хомогена смеса. Сирењето го дробиме и го додаваме во смесата и мешаме со лажица додека не се соединат. Во калап за мафини (или хартиени корпички) ставаме по една лажица од приготвената смеса, потоа додаваме по едно кафено лажиче Димс ајвар и одозгора уште една лажица од смесата. Поросуваме сусам или морска сол, ги ставаме во загреана рерна на 200 степени и печеме 20 до 25 минути. Полужуваме со насмевка.

На здравје!

Брускети со Димс пинџур

Состојки: Тегла Димс пинџур ● 1 векна леб ● Маслинво масло ● Сушен лук ● Китка магдонос

Подготовка: Ја загреваме рерната на 200 степени. Во тава за печење редиме кришки леб и ги посипуваме со маслиново масло и сушен лук. Вака подготвените кришки леб ги ставаме да се печат. Потпечените лепчиња ги вадиме од рерната, на нив го нанесуваме Димс пинџурот и одозгора поросуваме малку магдонос. Сервираме на голема даска со прилог – сирење.

Послужуваме со љубов.

Since 1965 Без конзерванси и вештачки бои

PREMIUM QUALITY